Касами: Се финансираме од домашни бизнисмени, не од Катар

by Фокус

Претседателот на Беса, Билал Касами, во дебата на косовски РТВ Дукаѓини истакна дека неговата партија не се финансира од Катар и од други држави, туку од бизнисмени што работат во Македонија, a имаат поддршка и од албанската дијаспора.

-Сега имаме државна контрола, која контролира како се финансира оваа партија. Финансиските извештаи се јавни и постојат сите идентификувани како донатори и членство. Беса е најчистиот политички субјект. Ние не сме дел од моќта да ги уценуваме бизнисмените и младите, барајќи од нив пет илјади евра да ги вработуваат – рече Касами.

Тој додаде дека ДУИ има 10 пати поскапа кампања од движењето Беса и другите партии.

Поврзани новости