ДУИ усвои платформа за референдумот: Ќе се ангажираме за победа на прогресивните сили

by Фокус

Централниот одбор на ДУИ синоќа усвои Политичка платформа за референдумот со цел интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија. Од ДУИ соопштија дека на синоќешниот состанок го задолжиле Централниот штаб на ДУИ и лидерот Али Ахмети да дејствуваат во согласност со „огромното мнозинство на Албанците и другите граѓани во кампањата „ЗА„ и да соработуваат со политичките партии, академската заедница, создавачите на јавното мислење, интересните групи и медиумите во кампањата за Европа и за НАТО“.

„На 30 септември, постојат само две опции, едната е за европска Македонија додека другата е против. Без двоумење и со неспоредлива посветеност, ДУИ со сите свои капацитети, ќе се ангажира за успехот на референдумот и победа на прогресивните сили во земјава. Ја повикуваме и албанската и македонската опозиција да се приклучат на заедничкиот успех, бидејќи од постројувањето на нашата земја во Брисел придобивка има државата и граѓаните, придобивка има и опозицијата. Исто така, ги повикуваме тие што се уште се двоумат и ги калкулираат нивните позиции за дневно политички потреби, да се надминат себеси и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата“, соопштија од ДУИ.

Поврзани новости