ДУИ ги освои советите на сите „албански“ општини, освен на Струга, Желино и Студеничани

by Фокус

ДУИ победи во првиот круг при гласањето за градоначалници во Кичево и уште неколку помали општини, додека во сите други општини со мнозинско албанско население ќе води битка во вториот круг, иако во најголем дел освои повеќе гласови и во првиот круг.

Исто така, „интегративците“ освоија најголем број на гласови и при гласањето за советнички листи во скоро сите општини, така што во Тетово освои 3.547 повеќе од БЕСА, во Гостивар 1.607 гласа повеќе од Алијансата на Албанците, во Чаир со 470 повеќе од БЕСА, во Сарај 3.000-4.000 гласа повеќе од БЕСА и Алијансата…

Единствено, ДУИ загуби во Струга, каде во гласањето за советнички ДУИ заврши на трето место после Алијансата за Албанците и СДСМ, додека БЕСА е на прво место во Желино, а ДПА во Студеничани.

Поврзани новости