Бузаку за Фокус: Утре ќе ја објавиме првата афера за Реџепи

by Фокус

Скендер Бузаку, кој се прогласи за нов поглавар на Исламската верска заедница по судската одлука што ја донесе граѓанскиот суд во април, најавува дека утре ќе ја објави првата афера за Сулејман Реџепи доколку во меѓувреме не се повлече од ИВЗ.

-Ако Реџепи не се повлече, од утре почнуваме да ги објавуваме доказите со кои располагаме за криминалните активности во кој е вклучен – вели Бузаку во изјава за Фокус.

Тој не сакаше да открие на која тема ќе се однесува неговата утрешна прес-конференција, туку само посочи дека повеќето материјали се поврзани со шпекулациите кои долги години се врзуваат со Реџепи.

В.С.

Поврзани новости