Ахмети најави реформи за кредибилни избори

by Фокус

Во следните итни чекори, ДУИ целосно ќе се посвети на спроведување на реформите кои произлегуваат како обврска од страна на нашите евроатлантски партнери, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со Директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската Унија Кристијан Даниелсон и со Амбасадорот на ЕУ во Скопје Аиво Орав.

„ДУИ се ангажира со потполно уверување за реформската агенда во согласност со евроатлантските аспирации и очекувањата на нашите пријатели во Брисел и Вашингтон. Оваа агенда треба да биде сеопфатна и да ја добие поддршката од целото општество со цел земјата да се подготви за веродостојни избори“, рекол Ахмети.
Од Мала Речица потсетуваат дека ДУИ се ангажираше за итно враќање на Парламентот, за одложување на изборите, за промена на законот за помилување, за обезбедување на гаранција за работата на Специјалниот јавен обвинител.

Поврзани новости