Асанж нема да биде екстрадиран во САД бидејќи може да се самоубие, одлучи британскиот суд

by fokus

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (49) нема да биде екстрадиран во САД под обвинение дека бил шпион, изјави денеска британската судијка Ванеса Бараитсер. Таа објасни дека тоа би било репресивна мерка поради неговата психичка состојба.

Бараитсер денеска изјави дека Асанж најверојатно ќе изврши самоубиство доколку биде екстрадиран во САД.

Американската администрација соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Обвинителството во САД го обвини Асанж по 17 точки, како и една дека ја злоупотребил употребата на компјутерите околу објавите на Викиликс на воени и дипломатски документи пред една деценија.

Обвиненијата против него би можеле да му донесат и потенцијална затворска казна од 175 години.

Адвокатите  на Асанж застанаа во негова одбрана со аргументи дека тој се однесувал како новинар и се повикал на Првиот амандман, кој особено ја нагласува слободата на говорот, за објавување документи што ги откриваат наводните незаконски дејствија на американската армија во Ирак и Авганистан.

Поврзани новости