Артилериска граната пронајдена во РЕК Битола

by fokus

Одговорен на обезбедувањето во РЕК Битола вчера околу 12.00 часот пријавил во полиција дека е пронајдена артилериска граната. Според пријавата на 35-годишниот Н.Р. експлозивната направа била пронајдена во РЕК-Битола-Термо, на кота 58.

Станува збор за артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.

Поврзани новости