Артан Груби: Се надеваме дека Врховниот суд ќе донесе одлука за ослободување на луѓето кои се во затвор за Монструм

by Fokus

ДУИ ја поздравува вчерашната одлука на Јавното обвинителство за укинување на првостепената и на второстепената одлука на Основниот и на Апелациониот суд во случајот „Монструм“ и ова е единствената правична одлука што можеше да ја донесе Јавното обвинителство, истакна на прес-конференцијата во ДУИ, Артан Груби.

– Со разрешувањето на Јавниот обвинител Марко Зврлевски владеењето на правото ја добива својата форма во Република Македонија. Ние го охрабруваме Врховниот суд да ја донесе одлуката за повторно судење на овој контекстиран судски спор. При таа одлука се надеваме дека истовремено Врховниот суд ќе донесе одлука за целосно ослободување на луѓето кои се во затвор за овој случај – истакна Груби и додаде дека процесот на преиспитување на некои одлуки треба да продолжи и со случаите „Диво насеље“ и „Сопот“.

Поврзани новости