Артан Груби на традиционалниот Молитвен појадок во САД

by Fokus

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и организациски секретар на  Демократската унија за интеграција Артан Груби, на покана од Американскиот Конгрес, повторно ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, САД, на кој ќе учествува американскиот петседател Доналд Трамп и лидери на многу други земји.

Груби по петти пат го посетува Вашингтон во последните две години. Таму, според најавите, ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот  Елиот Енгел, сенаторот Џејмс Инхоф, заменик-помошникот државен секретар Метју  Палмер, директорот за централна и јужна Европа на Стејт Департментот Давид Костеланчиќ, конгресменот Роберт Аделхорф заедно со други конгресмени, и ќе учествува на два форума во Американскиот сенат и на Атланскиот совет.

Пратеникот Груби е претседател на Групата за пријателство помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Поврзани новости