Арсовски: Жестоките критики кон Владата нема да се намалат

by fokus

Политикологот Петар Арсовски во вечерашното гостување на 1 ТВ рече дека Владата на СДСМ мора да сфати дека сега граѓаните се критички настроени и тоа нема да се промени.

-Правецот не е спорен, но динамиката е. Мислам дека никој нема забелешка за тоа во кој правец се движиме, но имаме забелешки од динамиката со која тоа се одвива. Можеби имавме преголеми очекувања, но Владата не може да очекува да имаме исти критериуми како за претходната. Мислам дека критиките и нивната жестина нема да се намалат. Владата мора да сфати дека сега публиката е различна и дека сега граѓаните имаат критички размислувања, рече Арсовски.

Поврзани новости