Арсовски: Не чекаме само донации, веќе се обезбедени 833.000 вакцини

by fokus

Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, соопшти денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Покрај ковакс механизмот, нагласи Арсовски, во тек се преговори и за директна набавка од комапниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата.

-Република Сееврна Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а алоцираше и средства за вакцини. Почна директни прегови, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и ковакс механизмот кој беше прв на располагање, рече Арсовски.

Според него, се уште не се знае колку и кога Бугарија ќе и донира вакцини на земјава, но планот е делот од пратката што ќе пристигне во Бугарија, да биде наменета и за нашата земја.

Дел од првата пратка вакцини, пак, што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети, како што објасни Арсовски, за нашите граѓани.

Одговорајќи на новинарски прашања, владиниот портпарол рече дека најголем дел од КОВИД пациентите во земјава кои починале, имале и други болести што долнително ја влошиле нивната здравствена состојба. Се води, рече Арсовски, комплетна евиденција и дополнително ќе биде објавена детална анализа за целиот период, од почетокот на пандемијата.

-Околу 90 отсто имале најмалку една до две други болести, најчесто кардиоваскуларни, пулмолошки болести на бубрезите, дијабет, карцином во понапредна фаза или тешка хирурша интервенција. Министертствто за здравство и Институтот за јавно здравје водат евиденција за возраста, полот и местото на пациентите кои починале во болниците, а биле позитивни на КОВИД, како и за коморбидитетие. Дополнително, центрите за јавно здравје праѓаат извештаи за лицата починати дома со истите овие податоци. МЗ и ИЈЗ имаат комплетна евиденција за морталитетот на сите починати од КОВИД, напомена владиниот портпарол.

Претходно, тој соопшти дека на вчерашната владина седница, на предлог на Министерството за здравство. е усвоена Информацијата за вакцинацијата против коронавирусот. Задолжени се неколку институции да изготват акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

– Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и до Министерството за здравство да достават сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19, рече Арсовски.

Во врска со оваа информација, Владата му препорача на ТАВ Македонија во рок од седум работни дена да изготви и до Министерството за здравство да достави сопствен акциски план и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

– Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна пет дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20 отсто од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести, информира Арсовски.

Поврзани новости