Арсовски: Изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ беа уметнички, немаше говор на омраза

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во вечерашното гостување на ТВ 24 коментирајќи ги изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, особено спотот во кој се појавуваа обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска, рече дека таму немало говор на омраза.

-Спотот на ВМРО-ДПМНЕ  е уметнички спот и воопшто не гледам дека некој е оцрнет. Уметноста дозволува такви сценарија, не гледам дека некој беше претставен на начин на оцрнување. Говориме за говор на омраза или зборуваме за луѓе кои биле претставени во спотот? ВМРО-ДПМНЕ е премногу сериозна партија со стручни луѓе и не сметам дека воопшто треба да стане збор за говор на омраза во тие спотови. Туку тоа е начин да се претстави она што се случува во државата, рече Арсовски.

Поврзани новости