Арсовски: Единствено по што јавноста го памети Тасевски е неговото каубојско однесување во Собранието

by fokus

Денешното именување на Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност е уште една скандалозна политичка одлука на СДСМ, реагираше попладнево портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Да се постави личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски за прв човек на полицијата е деградирање на сите професионалци што со години макотрпно ја граделе својата кариера во Министерството и ги ризикувале сопствените животи во борбата против криминалот и за заштита на безбедноста на граѓаните и на нашата држава. Единствено нешто по што јавноста го памети Сашо Тасевски е неговото каубојско однесување во Собранието кога пред очите на целокупната јавност вперуваше оружје во граѓаните. Наместо да биде казнет затоа што постапи незаконски и непрофесионално, Тасевски сега е награден бидејќи слепо ги извршување партиските наредби и ја занемари дадената заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите, рече Арсовски.

Поврзани новости