Арсовски: Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната прес-конференција на која обвини дека директорот на Фондот за иновации, Коста Петров потрошил 200.000 евра за снимање на спотчиња и интервјуа, денеска излезе со дополнителни прашања и обвинувања за овој случај.

Според нив, во демантот на Петров кој кажа дека спотовите биле снимани во негова продукција и за нив не се потрошени државни пари, тој признал дека неговиот претходник кој е од редовите на СДСМ склучил сомнителни договори со маркетинг агенциите, а Петров не ги ревидирал.

Партискиот портпарол, Димче Арсовски постави исто така дилема дали дел од овие пари завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје.

-Јавно прашуваме да ни одговори Коста Петров или кој било од СДСМ, дали едната од агенциите која земала од овие 200.000 евра за тендерот Бригада Дизајн, нејзино челно лице е Бојан Ивановиќ, имено советник од редовите на СДСМ во Град Скопје? Се поголем е сомнежот дека овој тендер е доделен свесно и е наместен, бидејќи еден од добитниците на тендерот е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје кај Петре Шилегов, рече Арсовски.

Поврзани новости