Арсовска не седна на ,,градоначалничкото место” во салата, Славески рече ова се случува за прв пат од 1946 година

by fokus

На денешната седница на Град Скопје за советнички прашања, градоначалничката Данела Арсовска која се појави со мало задоцнување, наместо да седне на вообичаеното место каде што седи градоначалникот, односно во првиот ред, таа седна во последните редови кај што седат службеници од Градот.

– За прв пат се случува, од 1946 година па навака, градоначалник на седница за советнички прашања да не седне на своето место. Но сепак тоа е нејзина одлука, рече претседавачот Трајко Славески.

На оваа позиција градоначалничката нема ниту микрофон, поради што тешко се слуша нејзиниот одговор. Таа на две советички прашања коишто беа поставени досега рече дека ќе одговори писмено.

Седницата е во тек.

В.В.

Поврзани новости