611
Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција, најави Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од опозицијата.
-Како што имам статус на конзул на Унгарија, исто така имам и статус на претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и ќе се откажам од сето тоа, затоа што во следниот период единствената намера што ја имам е да бидам претставник на сите скопјани во градот Скопје – изјави таа на Канал 5.