Арсовска: Граѓаните се изморени од чекање

by fokus

Ќе го започнам мандатот на градоначалник на Скопје со решавање на приоритетните проблеми од секоја скопска општина, зашто граѓаните се изморени од чекање, рече каднидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од опозицијата Данела Арсовска за време на средбите со граѓани во Гази Баба.

-Во општина Гази Баба, проблемите со кои се соочуваат жителите, важат за проблеми што требало да се надминат многу порано. Нема фекална канализација, недостигот на вода за пиење е секојдневие за овие граѓани, а немаат ниту трафостаници за парно греење. Со системски решенија креирани од експерти ќе се подобри инфраструктурата во ова населено место. Еден од петте мега паркови е предвиден за изградба токму во оваа општина. Ќе никнат и нови велосипедски патеки, а предвидена е и реконструкција на постоечките – рече Арсовска.

Таа додаде дека ќе се обезбеди и полесен пристап и директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, а со тоа, според неа, ќе се регулира сообраќајниот хаос.

Поврзани новости