Арсовска е најнеуспешен градоначалник на Скопје, вели Јанчева

by Fokus

Жителите на Скопје секојдневно сведочат за неспособноста на Данела Арсовска, која нанесува штета за Град Скопје. Последен пример за неспособност е оставањето на Противпожарната бригада на резерви со гориво, со што се загрозува нормалното функционирање на овој важен сервис за заштита, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа посочува дека претходно, Арсовска ја оставила градската администрација без печатачи, а неколку дена целата општина беше оставена без автобуски превоз, затоа што Град Скопје не им плаќаше на приватните превозници.

-Арсовска го назначи Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје, иако тој е актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир.Овој случај го истражува и Државната комисија за спречување на корупцијата.За седум месеци Арсовска не само што нема реализирано ниту еден свој проект туку прекина неколку важни проекти наследени од нејзиниот претходник, меѓу кои, најважен секако беше Бас рапид транзит за кои беа обезбедени 70 милиони евра од Европска банка, вели Јанчева.

Поврзани новости