462
Кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска денеска го оствари своето право во општина Ѓорче Петров.
–Заедно со семејството гласавме на локалните избори и се надевам дека ќе донесеме убава промена за градот Скопје и една убава промена за она кое што сметаме дека Скопје ќе биде град на среќни луѓе, изјави Арсовска по гласањето.
-Би сакала во оваа прилика да им се заблагодарам на сите скопјани кои ме поддржаа и би сакала да ги охрабрам денеска да го искористат своето право да го одберат оној човек, за кој сметаат дека најдобро ќе придонесе во следните години Скопје да биде поубаво место за живеење, истакна Арсовска.