Арсовска: Ако не помогне државата сега и веднаш, во октомври нѐ очекува втор бран на отпуштања

by fokus

Ако Владата не им помогне на компаниите сега и веднаш, во октомври ќе следува нов бран на отпуштања, рече претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска во дебата на „Топ Тема“, во врска со евентуалното зголемување на бројот на граѓани кои ја изгубија работата во корона кризата кои сега се проценуваат на 30.000 граѓани.

Сојузот испорачал барања до Владата меѓу кои да се продолжи помошта од 14.500 за фирмите, фирмите да добијат грантови, но и по шест месеци од почетокот на пандемијата, да бидат подготвени протоколи за работа во сите сектори, со оглед на тоа дека дел од превозниците и угостителите немаат ниту протокол за работа.

Стопанственикот Горан Рафајловски вели дека за стопанството треба да се дадат сериозна количина на пари, а не да се оди со популистички мерки како платежните картички за граѓаните кои ги оценува како мерки со краткотрајни ефекти.  Вели дека власта треба да се насочи за помош, не кон 30 големи фирми, туку помош а 80.000 млади и средни претпријатија.

Поврзани новости