Армијата влезе во ОХИС, нема информации како излевањето на опасниот отпад влијае на луѓето

by fokus 18:35
18:35

Едницата на АРМ за нуклеарно, хемиско и биолошко оружје попладнево влезе во ОХИС за да ја санира состојбата откако истече токсичен отпад.

-Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, велат од Инспекторатот.

Засега нема информации какви последици ова може да има врз граѓаните кои се во околината. Дел од граѓаните се жалат на главоболка, чешање на грлото и печење на очите.

- Advertising -

ФОТО: Фокус

Поврзани новости