Армијата ќе биде вклучена во отстрел на дивите свињи во Македонија

by fokus

Откако во соседна Бугарија беше откриен прв случај на „афиканса чума“ која ги напаѓа свињите, Македонија го активира алармот со цел да се спречи таа болест да се прошири и во нашата земја.

Вицепремиерот за еконосмки прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес конференција истакна дека државата ќе преземе радикални мерки да се справи со оваа болест.

„Апелираме до ловните друштва да извршат отстрел на 50 отсто од дивите свињи низ Македонија. Доколку тие не можат тоа да го сторат, тогаш ќе ја активираме армијата на Македонија за такви мерки. Свињите кои се хранат на депониите ќе бидат отстранети и мора да ги примениме овие радикални мерки. Ловните друштва знаат најдобро како да се справат со овој проблем и мора да спречиме болеста да премине на нашата територија“, истакна Анѓушев.

Поврзани новости