АРМ и КФОР ги расчистуваат наносите во поплавените куќи и улици

by Фокус

Механизацијата на КФОР, во координација со припадниците на македонската армија, веднаш се вклучила во расчистување на улиците од наносите од поплавата во Скопскиот Регион, соопштија од ГШ на АРМ.

Според АРМ, војниците во реоните на Скопје погодени од поплавата се вклучени во расчистување на наносите од куќите и дворовите, регулирање на сообраќајот, испумпување вода, дезинфекција на просторот и на сите други активности.

Воедно, припадниците на македонската армија од единиците на АБХО (атомско, биолошко, хемиска одбрана) почнаа со дезинфекција по куќите и дворовите со цел превентивно дејствување во спречување појава на заразни заболувања.

Инаку, вчера помош пристигнала и од Народна Република Кина, во вид на поголем број ќебиња и душеци, а пристигнале и екипи и возила за спасување од Истанбул, составени од 32 лица и 11 возила и механизација.

Поврзани новости