Арифи: Со ВМРО-ДПМНЕ не водиме класични преговори

by fokus

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за Телма, рече дека не воделе класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, иако рокот за формирање на влада истекува за три дена.

-Класични преговори немаме. После седница на претседателството на ДУИ, нашиот претседател се сретна со лидерите на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, каде ги кажаа нашите позиции за кои нема да преговараме, а тоа е прашањето за албанскиот јазик и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Има комуникации во однос на дообјаснување на овие прашања, но класични преговори нема – рече Арифи.

Таа вели дека на ДУИ и требало уште време, бидејќи сега се занимавала со внатрешни политики во партијата, кои им биле приоритет.

Арифи го осуди феноменот на таканаречената „десоросоизација” кој го најави и почна Никола Груевски, и порача дека ДУИ нема ништо против Фондацијата Отворено општество Македонија.

– Не смее да се заборави поддршката при осамостојувањето на земјите од Источна Европа меѓу кои и Македонија од Фондацијата Отворено општество Македонија. Сите тие стипендии кои биле дадени биле насочени кон научно надградување на нашите граѓани – рече Арифи.

На прашањето, што ако до понеделник мандатарот Никола Груевски не успее да формира влада, Арифи вели:

-Не можам да предвидам како ќе биде, ниту би било политички коректно, многу ќе зависи од атмосферата кај нас. Сите ние сме свесни дека има меѓународна сериозна порака да имаме кредибилна влада, во однос на одговорностите од Пржинскиот договор, заедно со СЈО, обврските кои се преземени во извештајот на Прибе, според мене ова е кредибилно. За ДУИ меѓународните пораки се клучни, толкму поради тоа се должи ова внатрешна дебата во ДУИ – порача потпретседателката на ДУИ.

Поврзани новости