АРХИВА Нарцисоидни лидери

by Fokus

Текстот е објавен на 20 април, 2018 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1176

Пишува: Јадранка КОСТОВА

Вообичаено е кога говорите за себе, да употребувате прво лице еднина или јас. Но, кога некој за себе зборува во трето лице, тоа се нарекува илеизам.

Експертите велат дека се користи кога се употребува сарказам, во говор кој е упатен на деца, и најинспиративниот случај – во говорот на нарцисоидни говорници. Ваквите типови се опседнати да остават добар впечаток.

Сликата што ја имаат за себе и онаа што другите ја имаат за нив често не се поклопува, па нарцисоидните говорници користат илеизми за да ја премостат таа разлика. Доколку не говорат за себе со име и презиме, таа разлика за нив би била разочарувачка.

И што ми беше поентата на муабетов? Па, сум забележала дека и Зоран Заев и Христијан Мицкоски речиси при секое интервју употребуваат барем по еднаш трето лице еднина.

Во смисла, ако Заев би кажал наместо „јас тоа не го ветив“, туку „тоа Зоран Заев не го ветил“. Или Мицкоски да изјави „Христијан Мицкоски беше избран демократски за лидер“, наместо „јас бев избран“… Вака понекогаш беседеше и Владо Бучковски.

Значи, лидерите на двете најголеми партии ни се нарцисоидни во извесна мера… што е подобро отколку да се психопати како некои бивши!

 

Поврзани новости