Архива „бомба“ на СДСМ: Како Јанкулоска во разговор со Мијалков ги нарекува Албанците диво племе и индијанци

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју вчера за Алсат телевизија тврдеше дека не знаел дали поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги нарекувала Албанците диво племе и индијанци.

Во една од „бомбите“ што ги објави тогаш опозицискиот СДСМ беше објавен телефонски разговор меѓу Јанкулоска и шефот на ДБК Сашо Мијалков, во која Јанкулоска Албанците од нивниот коалиционен партнер ДУИ, ги споредува со диво племе и Индијанци.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало, ало

СМ: Горде, што праиш?
ГЈ: Добро, еве, си работам. Ти шо праиш?
СМ: Шо се тие проблеми од сабајле бе?
ГЈ: А бе, ги решивме конечно. Индијанци, шо се. Што да ти кажувам. Индијанци.
СМ: Индијанци, а. Мене ме бараа уште во 9 сабајле.

ГЈ: Па, за тоа те бараа, ама ја знаеш, синоќа ми се јави мене Муса. Значи, да не знаат како треба, ќе речеш ок, наш пропуст е. И му кажав. Викам, Муса, по закон, за таква работа мора да има заклучок или одлука на Влада. У конкретниов случај треба заклучок. Оти викам, еве, Србите доаѓаа на Зебрењак, имаше заклучок на Влада. Бугарите транзитираат за во Тирана…
СМ: А, што ги кошта да се запази процедурата?

ГЈ: А, диво племе бе Сашо. И после, ајде, се најде…Ја викам, не можам да ги пуштам, знаеш, од кај ги знам бе. Утре ќе отидат у Слупчане, таму венци, ова, она, ќе речат, чекајте бе, како влезе војскава, плус, не знам, ќе му речеш нека влезе еден, ќе влезат десет души, знаеш. Со нив никогаш не си на чисто. Во целава ситуација може тензија да се направи. Ко да пропаднал у земја. Сабајле, пак почнаа да досаѓаат.

СМ: Јас зборев со него вчеа у 12 и пол ноќеска. Шо не ми кажа он.
ГЈ: И не ти кажа?
СМ: У 12 и пол ноќеска, 20 до 1 беше.
ГЈ: Е, а јас зборев со него пред 10. Тогаш се прибрав дома, и он ми зазвони и одма му се јавив. И му објаснив како е, не, не, и сабајле пак му објаснив. Викам, луѓе не може вака. Не може некој си Селвер таму да ни праќа писмо на МВР, пуштете ги тие и тие. Од кај знам кој е Селвер.
СМ: Од кај е тој?

ГЈ: Од кај знам, некој од Министерство за одбрана. Значи, ако веќе некој стои зад тоа, треба да е началник на Генералштаб…
СМ: Од нашето Министерство?
ГЈ: Не, не, од нивното, од Одбрана. Знаеш, треба овластено лице да потпише, не може Селвер или Кенан, или не знам кој.

Поврзани новости