488
Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35-тиот Охридски пливачки маратон што се одржа денеска на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште.
Во конкуренција на седуммина пливачи и една девојка, второто место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев.
Хернандез, кој неколку пати има учествувано на Охридскиот пливачки маратон, патеката ја преплива за 5 часа, 50 минути, 30 секунди и 5 стотинки.