Обвинет за 27 април до сведокот Атанасов: Дали јас ви помогнав да ја спасите повредената колешка?

by fokus 13:28
13:28

Откако поранешниот пратеник Петар Атанасов со своето сведочење пред судот за “Крвавиот четврток” истакна дека 30 годишен маж му помогнал да ја однесе повредената пратеничка Милева Ѓорѓиева во амбулантата во Собранието, обвинетиот Влатко Трајковски го праша дали може да одговори дали тој е лицето за кое вели дека му помогнал.

На Атанасов не му беше дозволено да одговори на прашањето, бидејќи обвинителката Вилма Рускоска приговараше дека станува збор за директно прашање, а не за вкрстено како што е дозволено.

- Advertisements -

Атанасов пак истакна дека тој би сакал да сакал да одговори, но сепак судот не дозволи.

По ова обвинетиот го преформулираше прашањето па запраша дали тој наликувал на човекот кој Атанасов го опиша дека му помогнал. Атанасов истакна дека сличноста е многу голема, но не може сто посто да потврди бидејќи на кратко му го видел ликот.

Поврзани новости