Арбен Таравари за „Фокус“: Веднаш ќе го укинеме плаќањето по успешност и ќе направивме финсиска ревизија за набавката на медицинската опрема

by Fokus

Арбен Таравари од редовите на Алијансата за Албаниците, кој е невролог на скопската Клиника за неврологија ќе биде новиот мнинистер за здравство во новиот владин кабинет предводен од СДСМ. Тој истовремено е и виш научен соработник на Меидицинскиот факултет во Скопје.

Таравари во изјава за „Фокус“ тврди дека јавното здравство за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е деградирано и девастирано. Според него, плаќањето по успешност против кое пред пет години, во 2012 година протестираа 1.200 лекари-специјалисти повеќе од 50 дена планира веднаш да биде укинато.

– Планираме системот да се врати во функција. Тоа што се случува е страшно. Плаќањето по успешност сигурно ќе го укинеме уште во старт. Тоа е лош проект, кој служи за казнување на лекарите, а ќе изнајдеме нов начин како да ја вреднуваме работата на лекарите. Исто така, планираме да има пет регионални центри како Градската болница „8 септември“, Тетовската клиничка болница, Штипската клиничка болница – тврди Таравари.

На прашањето дали планира да направи финансиска ревизија на медицинските апарати, за кои од СДСМ обвинуваа дека се дури 250 пати претплатени од реалните цени, тој додава:

– Секако. Тоа го планирам уште во првиот момент штом ќе станам министер за здравство. Дел од апаратите се донесени, платени, а воопшто не се користат. Мора да се направи под итно финасиска ревизија за набавката на медицинската опрема – вели Таравари за „Фокус„.

И.М.

Поврзани новости