Апсење во Битола

by Fokus

Вчеравечер, тројца прилепчани биле уапсени во Битола поради недозволена трговија на дрога и оружје.

„На 08.05.2022 во 22.15 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола на ул.„Довлефџик“ во Битола биле лишени од слобода С.Д.(48), С.М.(24) и С.А.(44), сите од Прилеп.

При преглед извршен кај нив, кај С.Д. биле пронајдени и одземени две пакувања хероин, амфетамини, како и поголем износ на пари.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости