Апсење на ГП Табановце

by Fokus 11:12
11:12

Денеска (15.08.2022) околу 08.00 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ј.(43) од Скопје, велат од МВР.

„Тој се барал за издржување на определена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости