Апостолов: Не дозволувајте да ви продаваат маски за полен како маски за заштита од вирус

by Фокус

Претседателот на Здружение на медицински лаборанти Клинички центар Скопје, Ивица Апостолов, и вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје, реагира поради тоа што поради материјален интерес, многумина продавале маски кои воопшто не штителе од вируси.

Тој вели дека е жално како некој се обидува да заработи пари на сметка на состојбата со корона вирусот, па затоа појаснува кои заштитни маски се корисни во борбата против вирусот, а пак кои немаат функција и се напразно фрлање на пари и лажна сигурност од Ковид 19.

На сликата во првиот ред, трите заштитни маски, како што појаснува Апостолов, се оние кои што има смисла да се набават.

-N95(која е американски стандард, кај нас се продава KN95) хируршка и FFPI има смисла да ги набавите, затоа што само тие имаат заштитна функција од вируси, бактерии, прав и полен, а најдобра и најефикасна е маската N95 (ја имате посебно на слика) која единствена може да се употребува од 160-180 часа, но само со правилна употреба, одржување и дезинфицирање. Таа маска, каква што ја гледате на сликата, не смее да изнесува во малопродажба повеќе од 160 денари парче или 1.600 денари во затворено зиповано пакување од 10 парчиња –појаснува тој.

За маските од вториот ред на сликата, појаснува дека повеќето можат да се носат само како моден детал, и како воопшто не штитат од вируси.

-Долните три маски од кои првата е со активен карбон, втората направена од материјал за крпи или алишта и третата која е од сунѓер, не штитат воопшто од вируси! Долните маски можете да ги користите само за заштита од несакани мириси, прашина предизвикана од силен ветер или слично, а можете да ги носите само како моден детал на вас… За друга заштита, ама баш немаат апсолутно никаква функција. Не дозволувајте, некои несовесни граѓани или трговци и продавачи да прават профит на вашата мака! Барајте секогаш релевантна декларација, се друго е лук и вода! – порача Апостолов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости