Апостол Симовски призна дека згрешил: Ќе може да се кажува вероисповед и националност за роднини во странство

by Fokus

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, се коригираше и потврди дека на пописот ќе може да се даваат податоци за етничката припадност и мајчиниот јазик за роднини во странство.

Ваквата изјава на Симовски за „360 Степени“ следуваше откако претходно беше демантиран од аменик-директорот на ДЗС, Иљми Селами.

-Да, имавме некои несогласувања, веројатно и погрешни изјави, пред се, од моја страна. Жал ми е и се извинувам што ја доведов јавноста во некоја заблуда. Законот пишува многу добро, членот 8 тоа го дефинира, не специфицира кој, така да мора да го почитуваме законот во тој дел, вели Симовски.

Неговата првична изјава беше дека роднините не можат да дадат податоци како јазик и етничка припадност за печалбарите.

Тој додава дека за државјаните на земјава кои се во странство податоци дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот.

Поврзани новости