Починато момче и повредена девојка по пад од зграда во центарот на Скопје

by fokus

Починато момче и повредена девојка биле најдени вчера попладне паднати пред зграда во центарот на Скопје.

-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема официјални информации што се случило, како паднале од зградата, освен неофицијалните информации коишто се шират дека биле во љубовна врска.

Поврзани новости