АПМ: Новите градоначалници сега имаат историска задача, да бидат сервис на граѓаните

by Fokus 10:00
10:00

Алијансата за позитивна Македонија, смета дека целиот изборен процес на двата круга на локалните избори во Република Македонија, се спроведе во фер, мирна и демократска атмосфера, со почитување на Уставот, законите и меѓународните стандарди кои се предвидени за државите што се дел на Евро – Атланските сојузи.

– Со тоа граѓаните на Република Македонија, консензуално покажаа дека сакаат Македонија што поскоро стане член на НАТО и Европската Унија. Токму поради тоа, новоизбраните градоначалници и членови на советите на општините во овој мандат, имаат историска задача да своите општини ги подигнат на ниво на локални самоуправи што ќе ги исполнуваат меѓународните стандарди на современ сервис на граѓаните – се наведува во соопштението од АПМ.

- Advertisements -

 

Поврзани новости