АПМ бара формирање на влада на национален спас

by Фокус

Алијансата за позитивна Македонија смета дека со последните случувања почнувајќи од неконзистетната одлука на Уставниот Суд за запирање на сите изборни активности, враќањето на старите министри, па се до селективната правда што сака да ја применува претседателот во врска со аболицијата, покажуваат дека врвните институции на државата се длабоко партиски инструментализирани, се наоѓаат во агонија, безумие и размислуваат само за заштита на личните интереси на поединци од врхушката на владеачките партии и нивно спасување од законските и кривичните одговорности.

„Под итно треба да се избере непартиска експертска влада на национален спас. Оваа влада да има задача безкомпромисно ги спроведе препораките на Прибе, да го исчисти избирачкиот список, да ја среди медиумската сфера и на есен да организира кредибилни, демократски и фер избори. Исто така непартиската експертска влада ќе треба да обезбеди непречена и безбедна работа на Специјалното Јавно Обвинителство“, се вели во објавата на АПМ.

Поврзани новости