Апелациски суд: Две години затвор за Бучковски

by Фокус 17:47
17:47

Две години затвор за поранешниот премиер Владо Бучковски, одлучи Апелацискиот суд Скопје. Казна од две години затвор му е изречена и на бившиот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, поради случајот со набавките на тенковски делови.

Со денешната пресуда, повисокиот суд им ги намали казните на Бучковски и на Стамболиски, кои им беа изречени во првостепена постапка, од три на две години затвор.

- Advertisements -

Апелацискиот суд ја преиначи одлуката и во однос на другите обвинети. На Ацо Ѓурчевски, поранешниот државен советник во Министерството за одбрана и на Нелко Менкиновски, како и на директорот на МЗТ ФОБ Митре Петковски наместо затворски, им се изречени условни казни.

“На обвинетите им се изрекува алтернативна мерка – условна осуда во која за секој од нив пооделно се утврдува казна затвор во траење од по една година која нема да се изврши доколку тие во време од 3 години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело”, соопшти судот.

Според обвинението, Бучковски, Стамболиски, Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови  и го оштетиле буџетот за над 2 милиона евра. Бучковски за истото дело во 2008 година беше осуден на 3,5 години затвор, по што случајот беше вратен на повторно судење.

Поврзани новости