Апелација за „Ликвидација“ ќе заседава дури по летниот одмор?

by fokus 10:57
10:57

Се очекува расправата да се закаже дури по завршувањето на судскта ферија, која трае од 15 јули до 15 август, односно периодот кога судиите се на летен одмор. Неофицијално дознаваме дека за одложување на овој рок влијаела и една техничка грешка на Кривичниот суд, односно во пресудата бил заведен адвокат кој не учествувал во одбраната, поради што морало да се врши исправка и ново делење на пресудата.

Додека да биде одреден датумот, дел од осудените во „Ликвидација“ остануваат во притвор. По шест месеци поминати во истражниот затвор „Скопје“ на новинарот Кежаровски му беше одреден домашен притвор. Сепак ова и понатаму значи дека на новинарот му е ограничено движењето и е оневозможен да работи. Кежаровски беше осуден бидејќи, според судот, го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, и тоа дури пред пет години. На ваквата пресуда реагираа домашните и меѓународните организации.

- Advertising -

Во истиот случај судијата Иле Танев беше осуден на 2,6 години затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров на 5,6 години затвор, обвинителот Ивица Ефремов на 4,6 години затвор, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот Сашко Лазаров на една година, а по 1,6 година добија Јане Павловски – Тица  и Сабедин Џини- Хофман.

Обвинетите од Апелациониот суд очекуваат укинување на првостепената пресуда.

 

Поврзани новости