Апелација пресече: ТЕ –ТО АД го доби спорот со Топлификација АД

by Fokus

Апелациониот суд во Скопје донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на Топлификација АД за присилна наплата на побарувања по основ на заеми, што Топлификација АД ги дала на ТЕ-ТО АД, се вели во соопштението објавено на Македонската берза за хартии од вредност.

Во овој предмет Основниот суд еднаш донесе пресуда во корист на Топлификација АД и го усвои тужбеното барање. По поднесената жалба од страна на ТЕ-ТО АД, Апелациониот суд го врати предметот на повторно одлучување на Основен суд, кој повторно донесе пресуда во корист на Топлификација АД. Апелациониот суд прифаќајки ja жалбата на ТЕ-ТО АД , го одбива тужбеното барање на Топлификација АД и ја преиначува одлуката на Основниот суд.

Пресудата на Апелациониот суд е правосилна и извршна.

По објавата на оваа информација од страна на Македонската берза за хартии од вредност, цената на акцијата на Топлификација АД започна вртоглаво да паѓа.

ТЕ-ТО АД е когенеративна термоелектрана на природен гас и е најголема странска гринфилд инвестиција во Македонија со капацитет од 220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија.

 

 

Поврзани новости