Апелација одлучува дали снимките кои протекоа на „Јутјуб“ ќе се користат како доказ против Заев

by fokus

Апелациониот суд денеска ќе одржи јавна седница на која треба да одлучи дали видео снимката која протече на „Јутјуб“ ќе се користи во судската постапка на предметот „Поткуп“ каде обвинет е Зоран Заев. Во исто време во Кривичниот суд е закажано рочиште по овој предмет.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.

Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал. Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.

Поврзани новости