Апелација одлучи Талески да остане во куќен притвор

by fokus 17:59
17:59

Апелациониот суд не ја прифати жалбата на одбраната на битолскиот градоначалник, Владимир Талески и донесе одлука тој да остане во куќен притвор. Попладнево оваа одлука била доставена до Кривичниот суд, кој ја објави.

-Апелационен суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот, пишува во соопштението од Кривичниот суд.

Битолскиот градоначалник е првоосомничен во случајот „Транспортер“ и се товари за проневера на 360.000 евра од тендер за превоз на ученици.

 

Поврзани новости