Апелација одлучи Боки 13 да остане во притвор поради опасност од бегство

by Фокус

Апелацискиот суд не го прифати барањето на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор.

Иако отпадна можноста за влијание врз сведоци, апелација одлучи Јовановски да остане во притвор поради опасност од бегство.

Тој вчера велеше дека има сериозни здравствени проблеми и дека ќе ја докаже неговата невиност.

Поврзани новости