Апелација ја потврди пресудата за „Диво Насеље“

by fokus

Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“, односно сега и правосилно се осудени обвинетите, од кои седумина на доживотен затвор. Информацијата за „Фокус“ ја потврди судијата Сафет Кадриу.

Покрај осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, 20 години петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи како што пред две години истакна судијката Верка Петровска, а сега и Апелација потврди, обвинителството не доставило доволно докази.

Во терористичкиот напад во Куманово во 2015 година беа убиени осум припадници на МВР, а четириесетина беа повредени.

Поврзани новости