Апелација ја понишила судската одлука во корист на Касами дента кога Гаши влезе во владата

by Фокус

Крилото на Беса предводено од Билал Касами обвини дека скопскиот апелациски суд донел скандалозна одлука одлука во корист на другото крило на Африм Гаши, која е спротивна на првостепената судска одлука.

-Фактот дека Апелациониот суд примил фалсификувани докази, кои не се претставени во првoстепена постапка, и ги примил документите со печат кој Движењето Беса го има прогласено за неважечки, докажува дека овој процес сега се трансформира во чисто политички процес. Јавно ги прашуваме судиите на апелација што ги поттикна да донесат таква скандалозна одлука на денот кога се гласаше Владата? Дали учеството во Владата на одредени лица влијаело на нивната одлука, која може да се нарече сѐ, но не правна и законска одлука – праша Абдуш Демири од Беса.

Тој додаде дека ако ќе се случи преседан судот да избрише партиски претседател само затоа што неовластено лице направило такво барање, тогаш ќе ги охрабрат сите да одат во судовите и да побараат да бидат регистрирани како претседатели на СДСМ.

 

Поврзани новости