Апелација им ги намали казните на обвинетите во „Шпион“

by fokus

Апелацискиот суд делумно ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Шпион“, односно одлучи на неколкумина од нив да ги намали затворските казни. Во останатиот дел, првостепената пресуда, се потврдува во целост.

Со второстепената пресуда казните за обвинетите се намалени и тоа на обвинетиот Маријан Ефремов казната му е намалена за 4,6 години, односно беше осуден на 15 години, а сега според одлуката на Апелација доби казна од 10,6 години.

„Обвинетиот М.Е. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 и член 316 ст.1 в.в со член 45, Уцена од член 259 ст.2 в.в ст.1 и Прикривање од член 261 ст. 3 в.в со ст. 1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци“, стои во одлуката на Апелација.

Обвинетиот Иџет Абди, пак, беше осуден на 4 години, а сега доби намалување на казната за шест месеци.

„Обвинетиот И.А. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци“, стои во одлуката.

Исто намалување од 6 месеци доби и обвинетиот Алексо Ангеловски.

„Обвинетиот А.А. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1 Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци“, стои во одлуката.

И обвинетите Мирослав Зафировски и Благоја Цветановски добија намалување на казната за три месеци.

„Обвинетиот М.З. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци. Обвинетиот Б.Ц. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци“, се наведува во одлуката.

Намалување на казната за 13 месеци доби Миќо Насковски.

„Обвинетиот М.Н. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 11 месеци, стои во одлуката.

Најголемо намалување има кај обвинетиот Горан Стојков, бидејќи тој беше осуден на девет години, а сега со одлуката на Апелација доби 3 години и три месеци.

„Обвинетиот Г.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Изнуда од член 258 ст.2 в.в ст. 1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци“, одлучи Апелација.

Условна казна доби Марија Маџовски, кој претходно беше осдуден на затворска казна од 1,6 година, и Ване Цветанов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна.

„Обвинетиот М.М. за кривичното дело дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 1 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 3 години не стори ново кривично дело“. Обвинетиот В.Ц. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Злоупотреба на државна, службена или воена тајна од член 360 – а ст.2 в.в со ст. 1од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело“, се наведува во одлуката.

За шест месеци му е намалена казната на Влатко Стаматовски.

„Обвинетиот В.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Оддавање државна тајна од член 317 ст.2 в.в член 45 и Изнуда од член 258 ст.2 со ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години“, стои во одлуката.

Една година намалување на казната доби обвинетиот Александар Диневски.

„Обвинетиот А.Д. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Оддавање државна тајна од член 317 ст.2 и Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци“, се наведува во одлуката.

Условна казна добија и обвинетите Ацо Вучиниќ, Живко Петровски и Кирил Соколов. 

„Обвинетиот А.В. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Обвинетиот Ж.П. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело“.Обвинетиот К.С. за кривичното дело Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 в.в со член 24 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело, стои во одлуката.

Обвинетиот Цветан Дамјановски, беше осуден на 6,6 години, а според одлуката на Апелација доби 2,4 години.

„Обвинетиот Ц.Д. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 4 месеци“.

Обвинетиот Тоше Кошиновски доби намалување на казната за една година.

„Обвинетиот Т.К. за кривичното дело Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на казна затвор во траење од 2 години“.

Во утврдените казни се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.

Од Апелација додаваат дека жалбата на обвинетиот Георги Хаџи Мицев се уважува и во овој дел пресудата  се враќа на повторно судење и одлучување.

 

Поврзани новости