Апасиев за измените во Изборниот законик: Ова е перверзија на СДСМ

by fokus

Со измените на Избониот законик со кои за поднесување на независни листи треба да се соберат потписи од два отсто од вкупниот број на избирачи, десеткратно ќе се зголеми бројот на потребни потписи за независни листи на кандидати за советници и градоначалници, вели лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.

-Нашиот пратеник учествуваше на сите средби во Клубот на пратеници и вакво нешто не беше дискутирано. Беше разговарано за 3 отсто, но за 2 отсто не беше дискутирано. Мислам дека тука најголем страв е на СДСМ, бидејќи овие нови дечки кои се појавуваат како зелени им одземаат гласови. И мислам дека ова нема да помине без тензии. Плус тоа, ОБСЕ вели шест месеци пред избори да не се чепка Изборниот законик, а во препораките се препорачува и праг од 1 отсто. Ова е перверзија која што ја прави СДСМ првенствено и не знам зошто тука влетува ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе биде како колатерална штета во случајов, бидејќи рафално ќе се пука и против неа, бидејќи и таа е дел од договорот, рече Апасиев во гостување на Сител.

Поврзани новости