Апасиев сподели скандалозна порака „Децата крв ќе ви плукаат“, па ја избриша, обвинува СДСМ

by fokus

„Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упатуваат на граѓаните. И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза, обвинува СДСМ.

– Говорот на омраза е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа се’ само заради партиски и лични интереси. Говорот на омраза е неприфатлив. А, кога тоа доаѓа од човек кој во Домот на демократијата треба да ги застапува интересите на граѓаните, е навредлив кон граѓаните и апсолутно недозволив. За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго. Токму затоа, граѓаните треба да внимаваат – од една страна е СДСМ, која ја турка државата напред, со проекти и мерки кои се во интерес на граѓаните, а од другата страна е Апасиев и Мицкоски, кои освен поделби, лаги, манипулации, закани и омраза, не нудат апсолутно ништо, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Поврзани новости