Апасиев му наброја 11 причини на Заев против Законот за државјанство

by fokus

Пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, му одговори на премиерот Зоран Заев, кој рече дека сака да знае кои се аргументите поради кои партијата најавува блокади за Законот за државјанство.

-Прајминистерот Зоран Заев сакал да ги знае АРГУМЕНТИТЕ на Левица (кои досега се елаборирани во над 20 саата говори на комисии во парламентот, на пресови, на ТВ емисии итн.).
Но, еве да ги повториме за понављачи:
1. Законот не се однесува на бездржавјани, туку на лица кои веќе имаат косовско државјанство – т.е. наместо на апатриди, се однесува на бипатриди!

2. Законот е спротивен на Европската конвенција за државјанство на Советот на Европа од 1997 год. (која ние ја ратификувавме во 2002) и е во директна спротивност на Конвенцијата на СЕ за намалување на случаите на повеќедржавјанство (1963).

3. Законот, по трет пат од распадот на СФРЈ (1991), ќе дава државјанство по пат на сукцесија – што е единствен пример на бившите југословенски простори.

4. Законот не бара ефективна врска со државата која го издава државјанството, што е непознат феномен!

5. Законот не предвидува познавање на македонскиот јазик како услов за стекнување државјанство преку т.н. „олеснета натурализација“.

6. Законот предвидува давање државјанство со обични копии од платена сметка за струја!? (феномен непознат во светот).

7. Законот не бара да се има извор на егзистенција, како досега (што значи новите државјани идат директ на терет на државата).

8. Законот го намалува постојаниот престој за издавање државјанство на само 7 години!

9. Во случај на реинтеграција, непрекинатиот престој се намалува од три на само една година!

10. Проблемот на овие луѓе е институционален, а не легислативен (Македонија треба да цели кон поострување, а не кон либерализација на условите за стекнување државјанство).

11. Законот е во функција на нов вештачки етно-инженеринг, во насока на фалсификување на демографската реалност, во очи на илегалниот Попис…

Апасиев му порача на премиерот дека имаат уште сто аргументи и причини, но за почеток и овие десетина биле доволни.

Поврзани новости