Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите, истакна дека 44 пратеници од минатиот парламентарен состав поднеле барање за апанажа.

-До Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри, рече Џафери.

Во однос на седница за избор на потпретседатели на Собранието, Џафери рече дека ќе ја свика само откако до него пратеничките групи ќе достават формален предлог.

Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за разлика од минатиот состав, сега тие доаѓаат на координациите со претседателот на Собранието.

Во меѓувреме, се работи и на барање на алтернативен начин за одржување на седници во вонредни услови односно онлајн седници и комисии и гласање, но Џафери на брифингот рече дека за тоа ќе бидат потребни два до три месеци. Сега засега седниците ќе се одржуваат во салата со Купола, а гласовите ќе се бројат рачно.

Поврзани новости