Антонио Милошоски менува професија, ќе работи како нотар

by fokus 01:56
01:56

Антонио Милошоски денеска потврди дека нема да влезе во трката за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември.

„Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на  листа“, изјави Милошоски на прес конференција.

- Advertisements -

Како што дознава „Фокус“, Милошоски менува професија – во центарот на Скопје веќе извесно време подготвува нотарска канцеларија.

Нотарскиот испит го положи на почетокот на годината заедно со Ермира Мехмети и Ивица Коневски.

Милошоски од 2006 беше министер за надворешни работи, но по парламентарните избори во  2011 година се повлече од функцијата наведуваќи дека тоа го прави од семејни причини.

 

Поврзани новости